Чудна ситуација во Лига 1: Голем талент украл скап часовник на соиграч и си „потпиша“ отказ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот фудбалер на Ница, Ламине Диаби беше обвинет дека украл скап часовник на соиграчот Каспер Долберг.

Долберг без часовникот останал во понеделник на тренинг. 70.000 евра вредниот примерок на часовник исчезнал од соблекувалната, а според француските медиуми, токму Диаби извршил тешка кражба.

Ако на крајот се покаже како вистина, Диаби најверојатно ќе биде отпуштен од клубот, иако станува збор за еден од најголемите таленти на Ница.

Долберг следниот пат сосема сигурно ќе размисли за тоа дали ќе носи скапоцени работи на тренинг.