Чудни најави од Италија: Роналдо си заминува од Јувентус


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Кристијано Роналдо би можел да си замине од редовите на Јувентус по крајот на оваа сезона.

Ваквите бомбастични најави ги пренесе „Радио Росанера“ кое јавува дека ваквите вести почнале да кружат на Апенините изминативе неколку месеци.

Јувентус како и сите клубови е погоден од финансиската криза предизвикана од коронавирусот, па постои веројатност Роналдо кој е најплатен играч во клубот да биде ослободен од обврските.

Сепак, фудбалските експерти и најпознатите аналитичари брзо ги негираа ваквите најави на радиото и потенцираа дека многу мали се шансите Роналдо да си оди од Јувентус.