Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Европската фудбалска јавност повторно се вжештува околу Кенан Јилдиз, еден од најталентираните млади играчи на денешницата, по новите информации за потенцијален трансфер што би можел да го одбележи следниот трансфер период.
Суперагентот Жорге Мендес, еден од највлијателните луѓе во светот на фудбалот, бил виден како разговара со претставници на Арсенал во Торино. Овој состанок веднаш предизвика лавина шпекулации дека лондонскиот клуб почнува лов на уште еден голем талент.
Кенан Јилдиз веќе некое време е на радарот на најголемите европски тимови, но досега ниту еден клуб конкретно не направил поголем чекор за негово доведување. Фактот што токму Мендес се среќава со Арсенал дополнително го зголемува интересот на јавноста.
Арсенал, под водство на Микел Артета, веќе неколку години гради препознатлива филозофија базирана на млади и технички потковани играчи. Токму Јилдиз совршено би одговарал на таа идеја за развој на тимот.
















