Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Умар Нурмагомедов вчера стигна до 15. победа во професионалната ММА-кариера, откако го победи Нејт Манес во три рунди.
Умар е најавуван како нова голема ѕвезда во УФЦ во бантам категоријата, а тоа го докажа во мечот против неговиот ривал во три рунди.
Вистинско чудо е како Манес ги преживеа ударите на Умар кој доминираше во текот на целата борба.
„Тоа е жестоко момче, а јас сум среќен поради победата. Мислам дека наскоро ќе стигнам во топ-10 и потоа ќе видиме што ќе се случи. Дури и да ми кажат дека утре ќе се борам за појас, ќе бидам подготвен“, кажа Умар.