Чудо: Платен е 150 милиони евра, уживаше во хамбургер, па се појави во одлична форма! (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец Еден Азар се појави на подготовките на Реал Мадрид во одлична форма и ги изненади сите, зашто во претходните години имаше пивски стомак.

Азар пристигна во 2019 година во Мадрид за 150 милиони евра од Челси, но за овие три години не покажа ништо посебно во дресот на Реал.

Освен што имаше проблеми со повреди, Азар е познат и по тоа што постојано имаше вишок на килограми, но очигледно нешто се променило.

На крајот на минатата сезона Азар вети дека ќе даде сè од себе за да се врати во форма, а фотографиите од тренингот на Реал даваат надеж дека Белгиецот би можел да заигра како во најдобрите денови.