Чурлинов дебитираше за Барнли, но неговиот тим остана без триумф!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов денеска дебитираше за Барнли во ремито против Блекпул (3-3) во англиската Чемпионшип-лига.

Чурлинов влезе на теренот во 72. минута, но Барнли во завршницата од мечот прокоцка победа бидејќи имаше водство од 3-1, но сепак на крајот прими два гола.

Барнли има шест бода по пет одиграни кола во Чемпионшип, а тоа го остави на 15. место, додека лидерот на табелата, Шефилд јунајтед има 10 бода.

Чурлинов вчера пристигна во Барнли од Штутгарт за 3,5 милиони евра плус 1,5 милиони во бонуси.