Чурлинов: Ќе се вратам во Штутгарт, ако Шалке не ме сака!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се враќа во Штутгарт, откако минатата сезона ја помина на позајмица во Шалке, кој сакаше да го откупи, но не падна договор.

Шалке сакаше да го купи Чурлинов од Штутгарт, но не сакаше да плати три милиони евра, па Македонецот се враќа назад и кажа што мисли за минтата сезона.

„Навистина уживав минатата сезона во дресот на Шалке. Сепак, ако тимот не успее да се договори со Штутгарт, тогаш ќе се вратам назад. Знам дека конкуренцијата е голема, но ќе се борам за место во тимот на Штутгарт“, кажа Чурлинов.

Штутгарт претходно го купи Чурлинов од Келн, додека тој минатата сезона за Шалке одигра 22 меча и постигна осум голови.