Чурлинов погоди за Јагелонија и ја реши пресметката во Варшава (Видео)


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Јагиелонија продолжува со трката по шампионската круна во полската Прва лига. Последниот триумф на терен на противник ги зацврсти нивните аспирации, откако ја совладаа Легија Варшава.

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов одигра клучна улога во овој успех, постигнувајќи еден од највредните голови за сезоната во дербито.

Во 76. минута од натпреварот, во моменти на мешаница во шеснаесетникот на домаќините, Чурлинов беше највнимателен и успешно ја искористи ситуацијата. Прв ја стигна одбиената топка и ја смести зад голманот на Легија, осигурувајќи ѝ победа на својата екипа и три поени.

Фото: Jagiellonia Białystok/FB