Чурлинов се врати во Шалке


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ја комплетираше преселбата во Шалке од Барнли и ќе остане во германскиот тим до крајот на сезоната 2023/24.

Чурлинов не доби шанса во Барнли, па затоа се врати на позајмица во поранешниот клуб каде што имаше одлични настапи.

„Дарко е фудбалер каков што ни беше потребен. Не сум видел играч кој е толку мотивиран и подготвен за еден предизвик како што е тој во овој момент“, кажа Марк Вилмотс од Шалке.

Чурлинов посочи дека е среќен што се враќа во Гелзенкирхен.

„Среќен сум што се враќам. Постојано бев во контакт со клубот и навивачите“, кажа Чурлинов.