Чурлинов стрелец против Бетис, но Јагелонија ја загуби шансата за полуфинале (Видео)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов повторно постигна гол за полскиот клуб Јагелонија, овојпат во натпревар од Конференциската лига против моќниот шпански тим Реал Бетис.

Чурлинов одигра извонредно на натпреварот, демонстрирајќи висока мотивација и борбеност. Беше еден од најактивните играчи на теренот, посебно во офанзивата, каде постојано ја притискаше одбраната на Бетис. Неговите напори беа наградени со гол во 81. минута, кога со самостојна акција успеа да ја одземе топката, да се пробие низ одбраната и со прецизен удар го израмни резултатот на 1-1.

Фото: Jagellonia FC/FB