„Чувствувам дека Мбапе потпишал за Реал Мадрид“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас вели дека трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид е договорен и се чека само официјална потврда.

Откако денеска емирот на Катар најави состанок со Мбапе, но не за неговата иднина, стана јасно дека Французинот донел конечна одлука и нема да отстапи од истата.

„Чувствувам дека Мбапе веќе потпишал за Реал Мадрид“, кажа Тебас.

Медиумите пишуваат дека трансферот на Мбапе во Мадрид треба да биде потврден кога некој од тимовите ќе испадне од Лигата на шампиони (ЛШ).