Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Сите натпревари денес во Европа и светот паѓаат во втор план, бидејќи кога играат Реал и Барселона, времето како да застанува.
На легендарниот Сантијаго Бернабеу, домашниот Реал го дочекува актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Барселона.
Ќе биде тоа дуел на две водечки екипи од Ла Лига – Реал е прв со 24 бода, додека Барселона има два помалку.
Се чини дека тимот на Алонсо го дочекува мечот во нешто посмирена атмосфера.
“Лос Бланкоси” имаат речиси комплетен состав, што им дава дополнителна доза самодоверба.
Од друга страна, Барселона доаѓа во Мадрид со вистинска “болница” од повредени играчи.
Покрај тоа, тимот ќе биде без тренерот Ханси Флик, кој поради црвен картон во минатото коло против Џирона е суспендиран.
Имено, во тој натпревар шампионот тешко дојде до победа, со гол во судиското надополнување.
Иако и двата тима остварија победи последните кола, ни Реал ни Барселона не ја поминаа сезоната без рани.
Реал претрпе тежок пораз од градскиот ривал Атлетико со резултат 5:2, додека Барселона настрада од Севилја со 4:1.
Во Европа, ситуацијата е обратна – Реал има стопостотен успех во Лигата на шампионите, додека Барселона веќе еднаш загуби, од европскиот првак ПСЖ.
Вечерва мечот носи посебен набој зашто Реал бара освета за понижувањата од минатата сезона.
Четирите победи на Барселона од минатото првенство сè уште ги болат фановите на “кралскиот клуб”.
Најмногу се помни дебаклот на Бернабеу, кога “децата” на Барса играа и славеа со убедливи 4:0.
Тука е и болното финале на Купот на Кралот во Саудиска Арабија, кога тимот на Ханси Флик го разби Реал со 5:0.
















