Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Дрејмон Грин кажа по победата против Њу Орлеанс пеликанс (134-123) дека триумфот е вистински одговор на критичарите.
Тоа посебно се однесува на Грин, кој по трипл-дабл (16 поени, 17 скокови, 10 асистенции) против Пеликанс одговори во „свој стил“.
„По Оклахома сам признав дека сме очајни, но многу луѓе почнаа да се*ат. Посебно за тоа дали можам да бидам лидер. Многу поранешни кошаркари, кои никогаш не беа лидери почнаа да зборуваат сра*е за мене. Јас сум цел живот лидер и таков ќе останам, а останатите луѓе може треба да престанат да зборуваат“, им порача Грин на критичарите.
Голден Стејт во следниот меч, во ноќта меѓу среда и четврток, игра против Феникс Санс.