Целосен хаос во Сампдорија, дури пет играчи заразени од коронавирусот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако вчера беше потврдено дека искусниот напаѓач на Сампдорија, Маноло Габијадини е позитивен на коронавирусот, од тимотденеска дојдоа нови лоши вести.

Уште четворица играчи на клубот се позитивни на вирусот, а покрај нив заразен е уште еден клупски лекар.

„Откако Маноло Габијадини беше позитивен на тестот на коронавирусот, истото се случи и со уште четворица фудбалер. Омар Коли, Албин Екдал, Антонио Ла Гумина и Мортен Торсби се позитивни на коронавриусот. Исто така позитивен е и докторот Амадео Баларди. Сите се добро и се наоѓаат во своите домови во Џенова“ –стоеше во соопштението од Џенова.