Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако почна распадот на Суперлигата, следшее и реакција од една од најсилните финансиски институции во светот, „Џеј-Пи Морган“.
Американската инвестициска банка реши да се повлече од Суперлигата. Оваа компанија беше подготвена да плати 3,5 милијарди евра за почеток на лигата, а учесниците требаше да поделат по 350 милиони евра.
Во натпреварувањето требаше да играат Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Барселона, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Арсенал, Челси, Тотенхем, Ливерпул, Јувентус, Милан и Интер.
Под притисокот на јавноста, останатите клубови и УЕФА, гигантите се откажаа од Суперлигата, барем најголем дел од нив решија да се повлечат.
„Очигледно лошо ја проценивме ситуацијата“, соопштија од инвестицискиот фонд кој се повлече од проектот.