Цената е одредена: Гигантите во трка по потписот на Ѓокереш


Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Управата на Спортинг Лисабон ја постави почетната цена за трансфер на нивниот врвен напаѓач Виктор Ѓокереш, кој во оваа сезона се издигна како еден од најпосакуваните фудбалери во Европа.

Шведскиот стрелец е мета на интерес од водечките европски клубови и се очекува да направи трансфер во летниот преоден период.

Според најновите медиумски извори, Спортинг нема да започне преговори за помалку од 65 милиони евра, сума која се дефинира како почетна. Меѓутоа, оваа цена би можела да се зголеми во зависност од понудите кои ќе стигнат од европските големи клубови.

Меѓу клубовите кои се често споменувани како најзаинтересирани за него се ПСЖ, Арсенал и Баерн Минхен.