Цената за влезниците за одложеното дерби на Лејкерс и Клиперс ги сруши сите рекорди


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ЛА Лејкерс утрово потврдија дека градското дерби против ЛА Клиперс кој требаше да се игра синоќа е одложен.

Мечот на градските ривали e одложен по трагичната смрт на Коби Брајант, кој загина пред два дена во хеликоптерска несреќа. Покрај Брајант, загинаа осум други, меѓу кои и неговата 13-годишна ќерка, Џана.

Смртта на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња сериозно ја потресе светската јавност, а особено Лејкерс, во кои Брајант ја помина целата своја играчка кариера.

Поради тоа, беше решено да се одложи вечерашниот натпревар против Клиперс и датумот за играње ќе биде објавен наскоро. Но, препродавачите на црниот пазар веќе ја искористија можноста да заработат огромни профити на билетите за овој натпревар.

Обично, местата што немаат добра локација што се случува на паркетот чинат 84 долари, а по смртта на Брајант, на црниот пазар сега чинат дури 1.200 американски долари, бидејќи сите сакаат да присуствуваат на првиот натпревар на Лејкерс во центарот „Стејплс“ по смртта на Коби.

Секако, најскапите места се покрај паркетот, а на црниот пазар билетите за такво место чинат неверојатни 28.050 долари. Во историјата на НБА не се случило билетите за еден натпревар да бидат толку скапи.