Цените паѓаат, а Анчелоти не смета на нив: Бејл, Азар и Иско!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иско, Герет Бејл и Еден Азар се фудбалери кои не добиваат премногу шанса кај тренерот Карло Анчелоти, па наскоро мора да се среди нивниот статус во екипата.

Анчелоти пристигна полн со надеж дека може да направи пресврт во нивните кариери, но Бејл веќе беше повреден, а Азар и Иско не покажаа ништо посебно.

Навивачите на Реал не ги сакаат повеќе овие ѕвезди во екипата, па се очекува да бидат продадени во јануари, зашто на Иско и Бејл им завршуваат договорите следното лето.

Бејл играше трипати оваа сезона за Реал и има исто толку настапи за Велс, додека неговата цена изнесува 10 милиони евра.

Азар настапи 10 пати за „кралевите“, па неговата вредност на трансфер маркетот изнесува 25 милиони евра, додека Иско чини само 15 милиони евра по седум настапи сезонава, односно 177 минути.