Циципас го „загубил разумот“ и се здебелил во карантин! (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се огласи преку чудно видео на неговиот Јутјуб-канал. Тој зборуваше за тоа како се чувствува во карантин и како го поминува времето без тенис.

Последниот меч Гркот го одигра на 29 февруари кога во финалето на Дубаи беше поразен од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

„Што правам во карантин? Веќе неколку дена читам книги, се обидувам и да одржам форма. Сепак, имам чувство дека се здебелувам. Мислам дека го губам разумот. Следните неколку недели ќе бидат пресудни за мене. Кога сте долго време во изолација, почнувате да разговарате со предмети. Се скарав и со моето семејство пред некој ден…“, вели Циципас.