Црн ден за Манчестер Јунајтед и Тотнем во Премиер лигата (Видео)


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед продолжува со своите разочарувачки изведби во Премиерлигата. Овојпат на „Олд Трафорд“, „црвените ѓаволи“ беа поразени од Вест Хем, кој однесе три вредни бода од овој натпревар со победа од 0-2. Тотнем ја доживеа истата судбина, губејќи од Кристал Палас на домашен терен во лондонското дерби, исто така со 0-2.

Соучек го отвори резултатот за Вест Хем во 26. минута, по што тимот со минимална предност отиде на пауза. Во вториот половина, Јунајтед се обиде да се врати во натпреварот, создавајќи шанси, но безуспешно. Гостите го искористија тоа, а Џерод Боуен го заврши натпреварот со 0-2, замолкнувајќи ги трибините на „Олд Трафорд“.

Во Лондон, Кристал Палас оствари подвиг против фаворизираниот Тотнем. Еберечи Езе постигна два брзи гола – првиот на крајот од првото полувреме (45′), а вториот веднаш на почетокот на второто (48′).