Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид доживеа тежок пораз на домашен терен од Барселона и поради ова се очекува реконструкција во екипата на лидерот во Ла Лига.
Тренерот Карло Анчелоти ја призна грешката и ја презема вината за убедливиот пораз, но дефинитивно и фудбалерите се виновни за дебаклот.
Шпанските медиуми пишуваат дека дури девет фудбалери ќе го напуштат гигантот од Мадрид, а „црната листа“ е составена од играчи кои повеќе немаат статус на ѕвезда.
На листата се наоѓаат Еден Азар, Марсело, Лука Јовиќ, Иско, Герет Бејл, Мариано Дијаз, Андриј Лунин, Дани Себаљос и Хесус Ваљехо, кои треба да ослободат добар дел од буџетот за нови засилувања.