„Да имавме и трет пенал, пак ќе го шутираше Рамос“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанската фудбалска репрезентација вчера одигра 1-1 против Швајцарија, иако имаше повеќе шанси за да победи, но капитенот Серхио Рамос немаше среќа од белата точка.

Рамос шутираше два пенали за Шпанија, но и двата му ги одбрани голманот на Швајцарија, Јан Зомер. Неверојатниот чувар на мрежата успеа да ја прекине серијата на дефанзивецот од 25 погодени пенали по ред.

„Рамос е меѓу најдобрите шутери на пенали. Дури и да имаше уште еден пенал, пак ќе шутираше тој“, кажа селекторот Луис Енрике и му даде поддршка на својот капитен.

Дефанзивецот на Реал Мадрид го мина Џанлуиџи Буфон по број на настапи за неговата репрезентација.