Да ли е време Манчестер да почне да бара нов напаѓач?


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Да ли е време Манчестер Јунајтед да бара уште еден напаѓач? Им се отвораат врати, а тоа се вратите од играчот на Кристал Палас, Филип Матета.

Матета беше мета и летово, но клубот одлучи да го купи Бенјамин Шешко, а овој играч постојано одбива да потпише нов договор со тимот на Кристал Палас.

Тоа е добар знак за клубовите кои го посакуваат, вклучувајќи го и Јунајтед кој, според сè, не се откажал.

„Има смисла Матета да го засили Манчестер Јунајтед”, изјави Бакари Сања, поранешен играч на Арсенал.

„Тие немаат ‘деветка’ која е висока, што може да ја задржи топката и да донесе голови по центаршутови. Тој веќе не е млад играч и би било добро за него да ја смени средината”, рече Сања.