„Да ми каже некој на мене дека сум црн, не би се навредил!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Натпреварот меѓу ПСЖ и Башакшехир во Париз во шестото коло од групната фаза во Лигата на шампиони беше прекинат во 20. минута, откако судијата наводно нападнал еден член на гостите со расистички коментар.

Романскиот тренер предизвика голема бура во светската јавност, зашто Пјер Вебо го нарекол „овој црн човек“, по што гостите од Турција се побунија и не сакаа да го продолжат натпреварот.

Најжесток беше Демба Ба кој од главниот судија бараше објаснување за постапката на неговиот помошник.

Поранешниот англиски репрезентативец Мика Ричард сепак тврди дека не би се навредил доколку некој го нарече црнец и дека реакциите на Демба Ба и Вебо се претерани.

„Некој да влезе сега во оваа просторија и за мене да каже ‘тој црнец’ нема тоа да го сметам како навреда туку како опис. Ако е вистина тоа што се зборува околу вечерашниот инцидент, тогаш сметам дека реакциите на Демба Ба и Вебо се претерани. Треба да го сочекаме целосниот извештај, можеби има нешто што не знаеме.“ – кажа Ричард.

Продолжението од натпреварот помеѓу ПСЖ и Башакшехир е закажан за денеска од 18:55 часот.