„Да не постои фудбалска мафија, Роналдо ќе имаше повеќе Златни топки“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На почетокот на декември „Франс Фудбал“ ќе ја додели „Златната топка“ на најдобриот фудбалер за 2019 година, а во конкуренција за наградата се борат 30 фудбалери, меѓу кои се и Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Меси веќе ја освои наградата за најдобар фудбалер според изборот на ФИФА, додека борбата за „Златната топка“ ќе биде интересна, а на таа тема зборуваше мајката на Роналдо, Долорес Авеиро, кој верува нека нејзиниот син треба да има повеќе од пет „Златни топки“.

Во последните десет години Меси и Роналдо се навистина доминантни и беа над сите, односно имаат по пет престижни награди, но многумина веруваат дека шестата годинава ќе ја освои капитенот на Барселона.

„Да не постои фудбалска мафија, мојот син ќе имаше многу повеќе награди. Да е Шпанец или Англичанец, ќе има уште повеќе, а тој е само еден Португалец од Мадеира“, порача Долорес.