Да не ви се верува: Никој не сака да го купи Роналдо!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кристијано Роналдо во минатото беше желба на многу европски гиганти, но сега никој не ја сака ѕвездата на Јувентус поради неговата плата.

Во претходниот период се шпекулираше дека Роналдо ќе си замине од „Старата дама“, меѓутоа најновите вести се дека Португалецот нема понуда од други тимови.

Роналдо годишно заработува по 31 милион евра од Јувентус, а ниту еден клуб не сака да му даде таков договор и речиси јасно е дека португалската ѕвезда следната сезона ќе ја гледаме во дресот на „Старата дама“.

Португалецот има договор до 2022 година со Јувентус, а сезонава игра одлично и постигна 32 гола на 36 меча, а притоа имаше и четири асистенции.