Да се потсетиме: Буштур во 2004 година го вееше македонското знаме во Атина (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уште една голема загуба во кошаркарскиот свет, а овој пат трагедија ја погоди Македонија, која остана без легендата на македонската кошарка и спорт, Благоја Георгиевски – Буштур.

Буштур ноќеска го загуби животот во сообраќајна несреќа во Кисела Вода, па од него денеска се збогуваа многу личности, меѓу кои и неговиот поранешен клуб КК Работнички.

Колку за потсетување, Буштур во 2004 година беше заедно со тимот кој настапи на Олимписките игри во Атина. Тогаш тој се појави како функционер на Македонскиот олимписки комитет (МОК), па го вееше македонското знаме сред Атина.