„Да се укине фудбал за празници? Па ајде да не постои и кралицата…“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед даде коментар за откажувањето на дел од натпреварите поради ковид-19, а го спореди фудбалот со кралското семејство.

Рангник дискутираше за традицијата која ја негуваат Англичаните и кажа дека е невозможно да се случи такво нешто.

„Ако некој планира да ги укине натпреварите за празници во Англија, тогаш ајде нека ја укине англиската кралица или пиењето чај во пет часот попладне. Тоа е традиција и среќен сум што за првпат во кариерата ќе ја почуствувам магијата. Премиерлигата ја следам 40 години, па уште од тогаш фудбалерите играа за Божиќ и за 2 јануари“, кажа Рангник.

„Црвените ѓаволи“ вечерва од 21 часот играат против Њукасл.