Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Добрата вест доаѓа од Германија.
Министрите на оваа земја се подготвени да дадат зелено светло за продолжување на сезоната во Бундеслигата, а сите треба да потврдат по утрешната средба и договорот со канцеларката Ангела Меркел.
Германската фудбалска федерација подготви целосен план за продолжување на сезоната. Апсолутно се е посветено на безбедноста на играчите и персоналот и предлог за продолжување на сезоната ќе биде пред германските политичари утре.
И како што тврди „Билд“ засега, Федерацијата има позитивни повратни информации. Бундеслигата се очекува да добие зелено светло утре по завршните разговори со канцеларката Меркел.
Рајниш Пост тврди дека министрите веќе решиле да гласаат за враќање на фудбалот на германските терени. Тие добија уверување од Федерацијата дека сè ќе биде целосно посветено на заштита на здравјето на фудбалерите и утре треба да слушнеме „ДА“ од нив за враќање на фудбалот.
Германските клубови планираат да се вратат на терените на 9. мај, а опција е да се продолжи натпреварот од 16. мај. Одлуката ќе биде позната утре.