Даде гол на безобразен начин, па доби жолт картон, а се спаси од ќотек 🎥


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Штутгарт славеше со 2-1 на гостувањето кај Вердер во германската Бундеслига, а два гола на натпреварот постигна Силас Вамангитука.

Фудбалерот на Шттугарт привлече големо внимание и ги налути сите со неговиот втор гол. Тој доби жолт картон затоа што го понижи противникот.

Вамангитука ја искористи грешката на Вердер и излезе сам пред голот, по што застана на гол-линијата и чекаше голманот да се приближи, по што ја шутна топката во мрежа.

Тоа ги налути фудбалерите на Вердер, а еден од нив дојде да се пресмета физички со Вамангитука, но за среќа беше спречен дополнителен инцидент.