Даер наградата ја посвети на тоалетот, а Мурињо објасни зошто трчал до тоалетот по неговиот фудбалер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Интересна сцена го одбележа вчерашниот натпревар во ЕФЛ Купот помеѓу Тотенхем и Челси.

Фудбалерот на Спарс, Ерик Даер влета во соблекувалната на сред натпревар, бидејќи тој веќе не можеше да издржи на теренот.

По него одеше менаџерот Жозе Мурињо, кој објасни по натпреварот што се случува и зошто трчаше по Даер.

“Тој мораше да замине, мораше. Веројатно е нормално кога сте целосно дехидрирани. Знаев дека мора да оди во тоалет, но сакав да го натерам да се врати што е можно побрзо”, изјави Жозе Мурињо.

View this post on Instagram

The real M.O.M

A post shared by Eric Dier (@ericdier15) on

Ерик Даер на крајот се пошегува и ја остави наградата за играчот на натпреварот во тоалетот. За него, таа е најодговорна за триумфот на Спарс.