Далас ќе игра без Дончиќ и Ирвинг до крај на сезоната?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Далас маверикс најверојатно ќе остане без место во плејофот на НБА-лигата оваа сезона, откако влезе во сериозна криза и загуби седум од претходните осум натпревари.

Екипата од Тексас има уште три меча до крајот и неколку сценарија според кои може да обезбеди место во плеј-ин турнирот, но Далас не зависи само од себе.

Американските медиуми пишуваат дека Далас решил да ги одмори Кајри Ирвинг и Лука Дончиќ до крајот на сезоната бидејќи не се целосно подготвени за настап веќе некое време.

Ирвинг на последните пет натпревари постигнуваше во просек по 24 поени, додека Дончиќ по 30 поени, но тоа не ѝ беше доволно на екипата за подобра позиција.