Далас се откажа од плејофот за да гради – шампионски тим!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Далас маверикс беше поразен од Чикаго булс со 112-115 и така остана без шанси да игра во плејофот на НБА-лигата.

Тренерот на Далас, Џејсон Кид по натпреварот кажа дека газдата на клубот, Марк Кјубан решил тимот да се откаже од борбата.

„Деловните одлуки се тешки, но понекогаш мора да ги донесете. Се обидуваме да изградиме шампионски тим и моравме да направиме чекор назад. Оваа одлука дојде од моите шефови. Имаме доверба во Кјубан“, кажа Кид.

Далас мораше да биде надвор од плејофот за да го задржи пикот на претстојниот драфт.