Далас сè уште е жив, Клиперс го доби дербито против Лејкерс (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Далас маверикс беа подобри од Сакраменто кингс со 123-119 и така ја прекинаа лошата серија во НБА-лигата со што останаа во трка за пласман во плејофот.

Кајри Ирвинг постигна 31 поен, а Лука Дончиќ 29 во триумфот на Далас, кој се израмни со Оклахома на 10. место на Западот, кое води во плејофот.

Дербито минатата ноќ се играше помеѓу градските ривали Лос Анџелес Лејкерс и Лос Анџелес Клиперс (118-125), а најдобри на паркетот беа Норман Пауел со 27 и Каваи Ленард со 25 поени, додека Леброн Џејмс постигна 33 поени.

Клиперс во моментов има 42 победи и 38 порази колку и Голден Стејт, додека Лејкерс има 41 победа и 39 порази.