Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Утрово се случи неочекуван трејд откако ѕвездата на Далас Маверикс Лука Дончиќ замина во редовите на Лос Анџелес Лејкерс.
Оваа информација ја пренесе познатиот новинар на „ЕСПН“, Шемс Чаранија, изнесувајќи ја својата верзија на приказната за еден од најшокантните трејдови во историјата на НБА лигата.
Познатиот новинар наведе дека Далас пред неколку дена контактирале со Лејкерс, понудувајќи го Дончиќ во замена за Дејвис со што свесно влегле во апсолутна промена на концепцијата на тимот бидејќи години наназад ја базирале играта околу Лука.
Новинарот додава дека планот на Далас е со доаѓањето на Дејвис во тандем со Кајри Ирвинг да го нападнат шампионскиот прстен, откако Дончиќ не им помогна.