Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ одигра одличен меч за Далас маверикс, но јасно е дека му треба поддршка во тимот и не може сам да игра. Далас беше поразен на отворањето на сезоната од Феникс санс со 102-106.
Дончиќ го заврши натпреварот со 32 поени, а успеа да запише и осум скокови и пет асистенции, па беше блиску до дабл-дабл. Уште пет кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени, а тоа се Тим Хардавеј јуниор, Џош Ричардсон и Џејлен Брансон, кои постигнаа по 12 поени, Доријан Фини-Смит постигна еден помалку, додека Макси Клебер постигна 10 поени.
Од друга страна, одличен беше Девин Букер со 22 поени и пет скокови, а го следеше Микал Биџис со 18 поени и седум скокови.