Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер сити синоќа славеше со 2-1 на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони.
„Кралевите“ по мечот имаа многу забелешки на судењето, а најмногу поради ситуацијата која се случи пред голот на Сити за 1-1.
Габриел Жесус со глава ја испрати топката во голот, но „кралевите“ сметаат дека пред скокот го турнал Серхио Рамос и голот морал да биде поништен поради прекршок во нападот.
„Фудбалот е спорт со контакти, но немаше туркање… Едвај ја ставив раката на него, тоа не беше прекршок“, порача Жесус.