Дали е дораснат за предизвикот: Дијаз заминува од Ливерпул за да го замени најдобриот во свет?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Колумбискиот репрезентативец и еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул, Луис Дијаз летово би можел да го напушти премиерлигашот, а како негова следна дестинација се споменува францускиот шампион ПСЖ.

Парижаните ќе останат без Килијан Мбапе, а британски „Телеграф“ пишува дека Дијаз треба да биде замена за францускиот голгетер.

ПСЖ долго време покажува интерес за 27-годишниот Дијаз, а сега наводно тргнале по неговиот потпис и би можеле да испратат понуда над 120 милиони евра.

Дијаз ќе треба да го замени најдобриот фудбалер на ПСЖ, но многумина се прашуваат дали е дораснат за задачата.