Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед имаше катастрофален старт на новата сезона во Премиерлигата, па навивачите се разочарани со настапите и резултатите кои ги постигнуваат избраниците на Оле Гунар Солскјер.
Јунајтед единствениот бод на „Театарот на соништата“ го освои против Челси, а запиша порази против Кристал Палас, Тотенхем и Арсенал, што е навистина очајно.
Клубот е без победа во првите четири натпревари на „Олд Трафорд“ и тоа му се случува на клубот првпат по 1972 годна кога Јунајтед заврши на 18. место на табелата од 22 екипи.
Неверојатно звучи податокот дека од формирањето на Премиер лигата Манчестер Јунајтед повеќе од три порази дома имал само во две сезони, 2001/2002 и 2013/2014. Тогаш Јунајтед во двете сезони имал четири порази дома, меѓутоа сега има дури три од само четири натпревари.