Дали е ова почеток на крајот: Откриена причината поради која управата му е лута на Зидан


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Доколку Флорентино Перез не е претседател на Реал Мадрид, тогаш Зинедин Зидан сигурно немаше повеќе да седи на тренерската позиција.

Расте пристиокот врз Французинот, а сега се појавија и деталите од канцеларијата на „Сантијаго Бернабеу“, па голем дел од членовите на управата се незадоволни и сметаат дека Зидан треба да добие отказ.

Зидан знае дека не може да ги користи Иско и Асенсио поради повреди, а со тоа што неговиот став бил „Погба или никој друг“ го однел клубот во тешка ситуација, зашто сега немаат алтернатива на тие позиции.

Јасно, Зидан не можеше да знае дека тие двајца ќе се повредат, но од управата многу му замеруваат поради тоа.

„Кралевите“ имаа шанса да ги ангажираат Ериксен и Ван де Бек, но до последниот ден Реал се бореше за Погба.