Дали Ливерпул ќе успее да достигне 100 бода оваа сезона?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во натпревар кој е практично неважен за Ливерпул, екипата на Јирген Клоп славеше против гостувањето кај Брајтон со 1:3.

По само 10 минути, беше 0:2.

Мохамед Салах му даде предност на Ливерпул во 6-та минута, домашните играчи премногу се коцкаа со додавањата, Кеита ја украде топката и ја додаде на Египќанецот, кој лесно го совлада противничкиот голман.

Две минути подоцна, нов гол во мрежата на Брајтон, Салах ја остава топката до Џордан Хендерсон, кој со одличен удар со левата нога го погоди аголот.

Пред да заминат на полувреме, домашната екипа успеа да го намали резултатот, Лампти центрираше одлично, а Тросар фати одлично полуволеј за 1:2.

Во 76. минута, нешто што не го гледаме често, скоро никогаш. Робертсон изведе корнер, а Салах успеа да ја упати топката во мрежата за конечни 1:3.