Дали ова е доказ дека Нејмар се враќа во Барселона?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Радио Каталонија“ јавува дека Барселона со последниот потег што го направила можеби најавила дека се подготвува голем трансфер, се верува онај на Нејмар.

Имено од клубот побарале од својот спонзор „Најк“ да произведе нова голема количина на дресови кои ќе се продаваат во официјалните фан шопови ширум светот.

Каталонците се подготвуваат за огромна количина на продадени дресови, а тоа може да значи само едно, големо засилување наскоро ќе пристигне во нивниот тим.

Нејмар дефинитивно ќе си замине од редовите на ПСЖ, само две години по реализирањето на најскапиот тансфер во историјата на фудбалот.