Дали ова е крајот? Федерер се откажа од Мајами и ќе загуби 1.000 поени!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роџер Федерер го откажа учеството на Мастерсот во Мајами, иако беше пријавен за турнирот кој треба да се одржи од 24 март до 4 април.

Швајцарскиот тенисер е на рехабилитација од операција на коленото, а од октомври минтата година тренира, но прегледите покажаа дека е далеку од враќање на теренот.

Последниот натпревар Федерер го одигра пред повеќе од една година, а тоа значи дека Швајцарецот ќе загуби дополнителни 1.000 бодови бидејќи беше шампион на Мастерсот во 2019 година, по што турнирот во 2020 беше откажан.