Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал би можел да ја заврши кариерата по крајот на Ролан Гарос, барем така пишуваат шпанските медиуми, а причина за тоа е повредата на стапалото која го мачи долго време.
Шпанскиот новинар Анхел Гарсија вели дека ова ќе му биде последно учество на Ролан Гарос на Надал поради болеста која ја има.
„Марка“ објави дека докторите му порачале на Надал дека може да се натпреварува до 5 јуни, по што ќе мора да оди на голема пауза и на третмани за да му се намалат болките.
Надал неколку пати се враќаше од невозможни ситуации кога неговото тело не можеше да го издржи притисокот, а со повредено стапало обезбеди полуфинале на Ролан Гарос, каде што го чека меч против Александер Зверев.