Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот од 13. коло во локалното коло меѓу Врело Спорт и Спартак ќе остане запаметен како можеби најкраткиот меч во историјата на фудбалот.
Судијата означи крај по само пет секунди игра затоа што Спартак на крајот заврши само со шест фудбалери на теренот.
Гостите на теренот излегоа со седум фудбалери, но еден од нив на почетокот намерно падна како „покосен“ по исфрлување на топката.
Поради тоа што не можеше да продолжи, според правилата, мечот беше прекинат и беше ставен крај зашто тимот мораше да има најмалку седум фудбалери на теренот.
На крајот домаќинот доби службена победа. А погледнете го чудниот момент во продолжение.