Дали ова е некаков знак: Ѓоковиќ го нема на промотивните постери на Австралијан опен (Фото)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако до почетокот на првиот гренслем-турнир во сезоната, Австралијан опен останаа уште три месеци, сепак главна тема е Новак Ѓоковиќ, чиј настап засега не е потврден.

Ѓоковиќ сака да игра на турнирот во Мелбурн, па чека да му биде укината тригодишната казна откако минатата зима беше депортиран од Австралија.

На профилот на Инстаграм на страната беа објавени постери за турнирот, а на него се појавија ѕвезди како Ник Кирјос, Стефанос Циципас, но нема место за Ѓоковиќ.

Засега не е познато дали Ѓоковиќ ќе игра на турнирот, иако пристигнаа потврди дека шансите за настап се зголемени поради тоа што во Австралија не важат правилата за ковид-19 и може Србинот да влезе без вакцина.