Дали ова е причина за поразот од Џошуа? Пулев имал ковид-19!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ентони Џошуа го совлада Кубрат Пулев и ги задржа шампионските појасни, а Бугаринот потоа откри дека имал слаба борба поради тоа што бил заразен со ковид-19 еден месец пред борбата.

Пулев немал компликации со вирусот, но морал да пропушти многу тренинзи и поради тоа не бил во најдобра форма пред една од најважните борби во кариерата.

„Имав ковид-19 и бев три недели без тренинг. Тоа не е оправдување, ама не сакав на никој да му откријам. Таква е ситуација, а јас сум добар во моментов“, кажа Пулев.

Џошуа го совлада Пулев во деветтата рунда од бокс-мечот со нокаут по серија удари кои завршија во главата на бугарскиот боксер.

Британецот најверојатно во следниот меч ќе се бори против Тајсон Фјури.