Дали Рамос заслужува топол пречек во Мадрид?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид ќе го пречека ПСЖ во реваншот во Лигата на шампиони, кој ќе се одигра во среда, а во главниот град на Шпанија се враќа легендарниот дефанзивец Серхио Рамос.

Тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино доби прашање на прес-конференцијата дали Рамос ќе заигра во Мадрид, а тој најави дека може да се случи такво нешто, иако може да остане и на клупата.

Рамос мораше да замине од Мадрид затоа што претседателот Флорентино Перез не му ги исполни барањата, па поради тоа се разочараа навивачите, но се поставува прашањето дали треба Шпанецот да добие топол пречек и одговорот е повеќе од јасен.

За никого не беше лесна ситуацијата кога заминуваше Рамос од Мадрид, а сега шпанскиот дефанзивец сака да биде пречекан како што ѝ доликува на една легенда на „кралевите“.