Дали Реал Мадрид ја штити Барселона од колапс?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона се наоѓа во сериозни проблеми, затоа што обвинителите објавија дека тие му давале пари на поранешниот потпретседател на комисијата на судии, Хозе Марија Енрике Негреира.

Негреира од Барселона добил 1,4 милиони евра, а според негови зборови тимот му дал пари за да им дава совети, иако многумина сметаат дека тоа било за помош на натпреварите.

Жоан Лапорта кажа дека клубот плаќал за консултантски услуги, но сомнително е тоа што 95 отсто од приходите се од Барселона, иако фирмата е направена за маркетинг.

Севилја побара истрага затоа што бил нарушен интегритетот на шпанскиот фудабл, а истото го направи и Еспањол, но засега нема реакција од Реал Мадрид.

Шпанските медиуми пишуѕваат дека Реал Мадрид решил да биде пасивен за да ѝ „помогне“ на Барселона, затоа што без силен каталонски тим, нема силен „кралски“ клуб.

Јасно е дека станува збор за чувствителна тема, а сигурно ќе се води детална истрага за случајот, меѓутоа впечатокот е дека Реал Мадрид нема да изврши никаков притисок врз надлежните служби.