Дали се исплатеше? Нејмар на ПСЖ му зема 111 милиони евра за три сезони


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Нејмар во 2017 година стана најскап фудбалер во историјата, кога ПСЖ за неговите услуги плати 222 милиони евра, а му даде и плата од 37 милиони евра по сезона.

Нејмар одигра само 80 натпревари во дресот на ПСЖ во претходните три сезони, но доби многу пари за неговите услуги.

Бразилецот по натпревар добива околу 1,4 милиони евра од ПСЖ, што е премногу во моментов. Нејмар вкупно заработи 111 милиони евра за три сезони.

Навивачите не можат да бидат воопшто задоволни затоа што ПСЖ освен лигата, не успеа никогаш да го освои трофејот во Лигата на шампиони.